септември 29, 2024

Некогашниот европски и светски шампион во скок со стап Тим Лобингер почина на 51 година. Почина по долгата борба со тешка болест, пренесоа германските медиуми.

Шест години се бореше со ракот. Првпат му беше дијагностициран во 2017 година, а година дена подоцна се излекува. Болеста повторно се врати во 2020 година.

„За мене повеќе нема спас. Ракот е премногу агресивен. Во февруари докторите ми рекоа дека немам уште многу време. Треба да се договориме околу исхраната и другите работи. Да се простам од моите најмили. Разговорот со децата ми беше тежок. Знаеја колку е лошо“, рече Лобингер недолго пред смртта за „Билд“.

За потсетување, беше еден од најдобрите светски скокачи на времето. Неговите најголеми успеси се на Европското првенство во 1998 година во Валенсија и Светското во 2003 година во Бирмингем. Бронза освои на Светското во Москва во 2006 година.

 

The post Почина поранешниот светски и европски шампион Тим Лобингер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK