септември 29, 2024

Во врска со “сценаријата” дека предвремени парламентарни избори и претседателските избори нема да бидат спроведени заедно, туку најпрво претседателски, па по неколку месеци и парламентарни но редовни, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски вели дека не е лесно изводливо сценарио заради самата организација, но и заради проблемот со излезеност на претседателските избори.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вели дека според него не е неизводливо таквото сценарио, а излезеноста се решава со една изборна единица.

– Албанците ќе бараат кандидат (за претседател) Албанец, ако направат договор да одат со кандидат Македонец има шанси да победат.

Јас би идел на промена на моделот, намалување на потребните потписи за кандидат за претседател, да има повеќе кандидати, ќе има поголема излезеност и во втор круг наместо два, да дат три кандидати.

Една изборна единица би било паметно да биде прифатена од СДСМ, тогаш сите би имале пратеници, повеќе партии со пратеници ќе направат никој да нема чиста победа. Има многу можности за комбинации и ако се паметни власта ќе одат на една изборна единица.

Ако е Мицкоски кандидат за премиер ни случајно нема да коалицираме со него, ќе си бидеме опозиција. Со него сме завршиле, со ВМРО не, со Христијан Мицкоски сме завршиле, истакна Јакимовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK