септември 29, 2024

Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека поразот на Русија во Украина ќе резултира со колапс на „руската империја“, што поранешните советски републики би го поздравиле, пренесува денеска „Гласот на Америка“.

Сорос изјави и дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џозеф Бајден го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека има граници и дека Третата светска војна мора да се избегне.

Милијардерот не го откри изворот на оваа информација.

Тој оцени дека руската армија има лоша команда и е слабо опремена и деморализирана, но дека рускиот претседател Владимир Путин се свртел кон платеничката група Вагнер за воено да и се спротивстави на Украина и дека тоа дава резултати на краток рок.

Тој исто така посочи дека Украина има шанса на пролет кога ќе го добие оружјето што и го вети Западот.

„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат Русите да бидат поразени во Украина, бидејќи сакаат да ја зацврстат својата независност“, рече Сорос во говорот на безбедносната конференција во Минхен, кој беше пренесен од неговата канцеларија.

Како што објасни тој, тоа значи дека Русија повеќе нема да биде закана за Европа и светот и дека би била голема промена на подобро.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK