септември 29, 2024

Политичката партија Алтернатива излезе со свое соопштение по повод одлуката на Европскиот суд за човекови права во врска со аболицијата на поранешниот претседател Иванов.

– Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно по свое ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да и погледнеме на вистината во очи. Главната порака од Стразбур е – правдата пред се’ ја делат домашните правосудни органи, ние не можеме да ја преземеме нивната улога. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.

Благодарение токму на овие три партии Македонија наликува на “Ел Дорадо” во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција. АлтернАтивА има конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта. Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на АлтернАтивА за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин.., да ја донесеме дома! Секогаш има АлтернАтивА! – велат од партијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK