септември 29, 2024

Судбината на кандидатурата на Финска за членство во НАТО е во рацете на Турција, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

Финска и Шведска поднесоа барања за влез во НАТО во мај по руската инвазија на Украина. Сепак, членката на алијансата Турција се спротивставува на нивното членство, обвинувајќи ги за засолнување организации што ги смета за терористички.

Финскиот Парламент одлучи денеска да гласа на 28 февруари за да ја одобри потребната легислатива за да и се овозможи на земјата да стане членка на НАТО, изјави претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи Јуси Хала-ахо.

„Ова е израз на нашата волја. Позицијата на Турција кон нашата волја и исклучиво и само во рацете на Турција“, изјави Нинисто на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK