септември 29, 2024

Шеесет и двегодишен маж минал речиси осум дена под урнатините во семејната куќа во Антиохија, која се срушила од силните земјотреси кои на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија.

Хусеин Бербер до детали раскажа за ужасните сцени кои ги доживеал низ деновите по земјотресот. Рече дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее.

Во земјотресот се срушил таванот на 15 катница, а единствено што го спасило Бербер во неговиот стан на приземје, бил големиот плакар и фрижидер. Рече дека тој остнаал заробен во фотелјата. Рече дека ползел низ станот за да најде шише со вода. Откаки ги испил сите, почнал да вика и да бара помош.

Кога не се јавил никој, одлучил да уринира во празно шише вода, а подоцна го испил за да преживее, пренесе „Дејли Мејл“. Рече и дека за да не измрзне, се замотал во тепих.

„Кога удри земјотрес станав брзо. Покрај мене спиеше внукот. Погледнав наоколу, а син ми зема батериска ламба и викна дека удрил земјотрес. Во вториот потрес се урна таванот, но не ме погоди. Одма легнав. Ѕидот падна на фрижидерот и плакарот. Тогаш заглавив“, раскажува Хусеин.

„Час подоцна земав шише со вода и го испив. Потоа уринирав во шишето и оставив да се олади. Го испив за да се спасам“, додаде тој.

Пет членови од неговото семејство успеале да побегнат во моментот кога земјотресот удрил. Хусеин конечно го спасиле во вторникот, откако минал 187 часа под урнатините. Во моментов е во болница. Лекарите му рекле дека е чудо што останал жив по толку време поминато доле.

Присетувајќи се на моментите на спасување, рече дека слушнал звук од спасувачките екипи кои почнале да бараат на местото каде бил заробен.

„Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Немав јадено ништо, немав што да јадам доле“, рече Хусеин.

„Правев добри дела пред Алах, за сите, не само за семејството. Мислам дека и затоа ме спаси“, рече тој.

 

The post (Видео) Морав да пијам од урината, маж раскажува како успеал да се спаси откако минал 187 часа под урнатините во Турција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK