септември 29, 2024

Холивудскиот глумец Том Круз инсистира во секој договор да стои точка во која експлицитно ќе стои дека неговиот лик не смее да се користи за комерцијални цели.

Круз е еден од најплатените глумци во светот, а познат е по улогите во филмовите „Војна на светови“, „Невозможна мисија“, „Топ ган“, „Специјален извештај“, „На работ на иднината“. Ниту еден од овие ликови не смее да се користи во комерцијални цели поради неговата клаузула.

Глумецот не дозволува ликот да му го има ни во игрите како „Невозможна мисија“, „Војна на световите“ и „Специјален извештај“, па затоа сега главниот лик кај нив изгледа поинаку. Исто така не може да се користи во ниту една акциска фигура ниту во друга некаква играчка со неговиот лик.

Глумецот никогаш не одговори зошто го прави ова и не сака ликот да му го има на други места. За потсетување, Том неодамна е виден на свеченоста за номинацијата на Оскарите во хотелот „Хилтон“ во Беверли Хилс. Неговиот најнов филм „Топ ган: Маверик“ освои номинации во неколку категории, меѓу која и за најдобар филм.

(Фото) Од многу ботокс на Том Круз му отече лицето

 

The post Том Круз забрани неговиот лик да се користи во комерцијални цели appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK