септември 29, 2024

Во прпеолната сала на Филхармонија, Дарио Панковски одбележа 40 години на македонската музичка сцена. Музички времеплов низ годините со Миг 21:  Нема потреба да ги врзете појасите, туку подобро е да играте-вака  Дарио го најви вчерашниот концерт.

На сцената се појави во црно бело палто  и концертот го започна со баладата „Какви се овие времиња“.

„Почувствував топлина штом излегов на сцена, се надевам ќе прмемине во жештина“- рече тој откако ја отпеа првата песна.

„Вечерва ќе патуваме низ времето, 40 години назад и напред. Би сакал да направиме една магија. Сите кои имате 40 или 45 години сега ќе имате 25, тие со 30 ќе бидат полнолетни односно ќе имаат 18 години“, вели Дарио полн со емоции на вчрашниот концерт.

Публиката присутна од секоја генерација, и мажи и жени. Аплаудираше уште со првиот такт на бендот, а се разигра и распеа кога на репертоарот на ред дојдоа песните во диско и фанк ритам. Дарио енергичен на сцената и дозволи на публиката во хор  да ги пее неговите  песните. Во двочасовниот концерт Дарио на сцената се појави во пет палта со различни бои. Со диско ритамот на песните следуваше и светкаво сиво палто, а потоа црно, зелено, за на крај тој одбрал зелено.

Каролина  Гочева, Ристо Бомбата, Нора Шаќири, Петар Богоевски, беа дел од публиката на Дарио како и други колеги и соработници.

Се редеа песните „Се смеам за да не заплачам“, „Армија“, „Што е мое ќе си дојде“.

„Сите жени имаат една иста мисла и на сите мажи им се темни кога ќе ги слушнат тие зборови. Сигурно и тоа вечерва го кажале“, вака Дарио ја најви песната која им ја посвети на жените „Немам што да облечам“.

Носталгично се наврати и на неговите музички почетоци, па раскажа за концертот кој многу одамна го одржал во Универзалната сала, кој отворил и затворил со песната „Која ли си ти“, за која како што рече кога ја отпеал тогаш била стара само 30 дена, а денес 30 години.

Емотивно  ги отпеа баладите „Меѓу сите ѕвезди“, „Жена за сто години“, како и „Зајди јасно сонце“., па и дозволи и на публиката да пее сама за уште поемотивно да звучат. По  неколку балади следуваше вистинската искрена емоција од публиката. Цела сала на нозе играше на „Плачела, плачела“, „Ладна како камен“, „Дупла вотка“,„Косоока“, „Здравје боже“, „Мајко моја родиме“, „Дајте една народна“. Додека публиката се забавуваше, на сцената и бендот уживаше во времепловот на музичките стилови  од балади, преку диско до фанк.

Дарио имаше и изненадување. Ја отпеа песната „Добрите девојки не го прават тоа“, песна отпеана во ’84 година со неговиот прв бенд Бон тон, за која вели дека з во тоа време имала  експлицитна содржина.

Публиката со аплауз и овации го врати Дарио на бис. Интимна изведба на „Дупла вотка“ со публиката во акапела изведба за крај на концертот.

„Ќе го паметам овој јубилеј по вас засекогаш“, рече Дарио.

Вечерва во Филхармонија Дарио ќе одржи и втор концерт  за 40 години јубилеј.

Концертите ги организираше „Авалаон“ продукција.

Г. Додевска

The post (Галерија) Дарио промени пет палта и имаше еден од најдобрите концерти: Журка во Скопје за сите генерации appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK