октомври 11, 2024

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели – најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

– Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место – рече Николовски.

Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 – 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

вој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години – вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.

– Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери – индекси за државата, потенцира Николовски.

The post Николовски преку сателит ќе гледа што и како имаат земјоделците посадено, за тие што лажат, нема повеќе субвенции. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK