октомври 11, 2024

Околу 200 дијабетичари во Штип веќе два месеци ги чекаат лентите за мерење гликемија, а повеќе од две недели не можат да дојдат ниту до потребниот тип на инсулин – објави 24 Вести.

Од Здружението на дијабетичари велат дека ваквата состојба го загрозува здравјето на заболените од дијабетес и бараат државата да најде начин секој пациент навреме да ја прима терапијата.

Во штипскиот Центар за дијабет работат само две докторки и секојдневно прегледуваат повеќе од триесет пациенти.

Да се живее со хронично заболување како дијабетесот, пред сé значи секој ден, секој час да се биде дисциплиниран, односно редовно да се мери гликемијата, да се внимава што и колку се јаде и пие, да се биде физички активен, но и да се зема препишаната терапија и уште ред други задолжителни обврски – велат од Здружението.

За тоа кога ќе биде испорачан инсулинот кој во моментот недостига, како и инсулинските лентички прашавме и во Министерството за здравство, засега нема одговор.

Инаку, во Македонија 135 илјади лица ја имаат дијагнозата дијабетес, од кои околу 45.000 луѓе живеат со инсулин, а од нив околу 600 се деца до 18 години.

The post Дијабетичарите останаа без ленти и без инсулин- Проблеми за пациентите од Штип appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK