октомври 2, 2024

…Имате ли информација кога ќе почнат со исплата?

Ова е најчесто поставуваното прашање помеѓу мајките во групата „Породилно отсуство” на социјалните мрежи.

Но, на ова прашање нема одговор од Фондот за здравство.

Револтирани родилки прашуваат како да ги купат неопходните работи на нивните бебиња и како да ја платат ратата за кредитот, дали некој ќе и рече на банката да почека?

Некои мајки пак воопшто не можат да добијат ниту решение за породилно, поради блокираниот систем на ФЗО.

– На 8 февруари, кога сакав со изводот да отидам и да ги надополнам документите за да може да ми се изјаде решение за да земам пари за породилно, зошто сум работела и сум плаќале придонеси на државата, не успеав, на вратата имаше слика дека системот не работи и после дознавме од медиумите дека имало хакерски напад, изјави Теодора Цветковска, мајка на породилно.

Цветковска и останатите родилки кои се нашле во иста ситуација, за нивните деца немаат здравствено осигурување и сите прегледи мора да ги платат приватно.

– За среќа на добра волја на лекарите тие никогаш не враќаат мали бебиња, но сега треба да одиме на ортопед и доколку добиеме термин, прегледот ќе мора приватно да го платиме, вели Цветковска.

Освен породилното, не се ислаќаат ниту останатите боледувања, ниту рефундациите. Аптеките се во хаотична ситуација поради упатствата од Фондот како да издаваат лекови на рецеп, а граѓаните се малтретираат да добијат терапија на товар на ФЗО.

Но, и покрај сериозноста на ситуацијата, првите луѓе на Фондот за здравство веќе две недели не се појавуваат во јавност, ниту пак чувствуваат одговорност.

The post Вработените во „8-ми Септември“ утре на протест, родилките не можат да го добијат породилното поради ФЗО appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK