октомври 6, 2024

Веднаш по острите реакции на јавноста и од страна на невладини организации за интервјуто на Јутјуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас, МВР презело мерки за да се одреди дали има основ за понатамошно постапување.

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското обвинителство по интервјуто емитувано на 15 февруари, во кое Латас раскажува како на 15-годишна возраст, тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била „шамарана“.
Во интервјуто во еден дел Латас, раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре имало „распарталена жена“. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој сакал сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.

Клипчето е гадно но важно е да го гледате ако имате дете кое е често на јутјуб.

Латас е Латас но посебен поздрав до мрмутов Стефан Лазаров кој се кези ко удрен кога зборат за шамарање девојки. Тој има многу поголемо влијание кај младите. pic.twitter.com/yqBvXJooNw

— 42 (@forty_tw0) February 19, 2023

„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“, велат од Обвинителството за А1он.
Интервјуто предизвика лавина коментари и осуди во јавноста, при што имаше повици до Обвинителството да постапи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK