октомври 6, 2024

Водителката Елена Најдоски го прослави 41. роденден со гламурозна забава во стилот на големиот Гетсби. Таа направи журка дома со многу гости, шампањско и виолини што свиреа во живо. Гостите беа облечени во стилот на 1920тите, со бисери, пердуви и светки. Елена цела вечер се забавуваше, се сликаше со гостите и ги споделуваше фотографиите што тие ги ставаа на социјалните мрежи. На крајот сечеше роденденска торта заедно со сопругот Бојан.

Водителката скоро секоја година прави интересни забави за својот роденден. Таа не крие дека ужива во родендените, но и во патувањата. Неодамна во интервју за „Репортер“ Елена ни раскажа дека со сопругот Бојан се хедонисти и дека двајцата сакаат да патуваат, но и да уживаат во вкусна храна, но и дека Бојан е романтичен, па знае да ѝ зготви и нешто вкусно и да ја изненади.

 


The post (Галерија) Шампањско, виолини и пердуви: Елена Најдоски славеше роденден во стилот на големиот Гетсби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK