октомври 7, 2024

Големиот „Шпицен командант“ Мицкоски во маскирна униформа и со празен калашников на фотографија од полагање заклетва пред жени и деца избегнува да одговори на конкретното прашање: Дали им дал јасна, строга и недвосмислена наредба на лидерите на општините да не соработуваат со Албанци, да не издаваат градежни дозволи на фирми во сопственост на Албанци и да не ги легализираат куќите на Албанците иако ги исполнуваат законските услови, прашуваат од ДУИ преку соопштение.

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи за да остане на власт: Се бара меѓународен мониторинг за е „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“
МАГНИТУДА 6.3 – Нов силен земјотрес ја погоди границата меѓу Турција и Сирија: „Мислев дека земјата ќе се отвори“
Чиз открива: Се подготвува терен за уставни измени – еве зошто телевизиите имаат забрана за Левица
ЕУ воведе нов, шести пакет санкции за хунтата во Мјанмар
БРАВО КАЛИН ИВАНОВСКИ | Младиот тенисер влезе во друштво на најдобрите 500 во светот

ДУИ ЗА МИЦКОВСКИ СО ПЛОТУН:

Неговите коалициски капацитети се НУЛА и веќе трипати ги излажа своите членови дека има 61 пратеник, се срами пред своите членови и пред целата јавност по ходниците на Собранието

ДУИ ГО ГРАНАТИРА МИЦКОВСКИ: ШПИЦНИОТ КОМАНДАНТ да одговори дали на своите градоначалници им забранил да соработуваат со Албанци

„Големиот „шпицен командант“ Мицкоски од опозиција продуцираше повеќе корупциски скандали отколку што имаше ВМРО кога беше на власт.

„Шпицниот командант“ е фатен на дело, што би рекла градоначалничката Данела Арсовска.

Сепак, нашата најголема грижа и натаму е антиалбанизмот во ВМРО ДПМНЕ, кој претходното раководство на ВМРО го надмина, но Мицкоски во голема мера го врати, со протестите против албанскиот јазик, против албанскиот претседател на Собранието, на 27 април, со промовирање на меѓуетничка нетрпеливост и со неговите секојдневни лаги кон Албанците на високи позиции.

Тој е во мртва трка за антиалбанизам со Апасиев, кој веќе го надмина по рејтинг.

Затоа, неговите коалициски капацитети се НУЛА и веќе трипати ги излажа своите членови дека има 61 пратеник, се срами пред своите членови и пред целата јавност по ходниците на Собранието“, додаваат од ДУИ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK