октомври 12, 2024

Шведскиот крал Карл Густаф XVI (76)  бил опериран на срцето, соопшти кралската куќа. Операцијата поминала според планот и монархот се чувствува добро.

Кралот им се заблагодарил на шведските медицински работници и на топлината и поддршката од јавноста, стои во соопштението во кое не е прецизирана точната цел на процедурата, но се вели дека лекарите користеле технологија на катетер за да го оперираат неговото срце.

Карл Густаф XVI на крајот на летото треба да ја прослави својата 50-годишнина на шведскиот трон. Неговите должности беа одложени до оваа пролет за да може монархот да се одмори и да се опорави.

Да потсетиме, шведскиот крал есента 2019 година одлучи неговите пет внуци повеќе да не се дел од кралското семејство. Наводно тоа го направил по примерот на принцот Хари кој со сопругата, војвотката од Сасекс Меган Маркл одлучија неговиот син Арчи да ја нема титулата принц бидејќи на тој начин ќе може да ја има безгрижно детство, далеку од очите на јавноста.

Шведксиот крал го намалил бројот на членовите на семејството кои ќе добиваат пари од средствата добиени од даночните обврзници. Внуците ги задржале титулите принц или принцеза, односно војвода или војвотка, но нема да вршат кралски должности.

The post Кралот Карл Густаф XVI опериран на срцето, годинава ќе прослави 50 години на шведскиот трон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK