октомври 12, 2024

Дојави за бомби денеска има и во сите основни училишта во Ѓорче Петров.

Градоначалникот Стојкоски на својот фејсбук профил објави дека се спроведени протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар.

„Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. Сите во моментов се наоѓаат на безбедни локации. Очекувам експресна реакција од надлежните служби за јавен ред и мир и безбедност и истовремено најостро го осудувам овој чин. Апелирам што поскоро надлежните институции да преземат итни чекори.Оваа појава мора веднаш да се искорени. И децата и родителите се вознемирени, а дојавите за бомби, за жал, ни станаа секојдневие”, напиша Стојкоски.

Дојави за бомби утрово имало и во сите 11 училишта во Гази Баба, како и во седум од осумте основни училишта во Центар, информираа градоначалниците на двете општини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK