октомври 12, 2024

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за ширење расистички и ксенофобичен материјал, откако промовираа насилство врз жени во интервју минатата недела.

Судот денеска соопшти дека на Латас му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров исто така му се определува мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

OБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА НА ЛАТАС ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ ПОРАДИ ПРОМОВИРАЊЕ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ, ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ И ЗА ЈУТУБЕРОТ ЛАЗАРОВ
ПО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД МВР, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЈУТУБЕРОТ СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС ВО КОЕ ТОЈ ОПИШУВА КАКО СИЛУВАЛ ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА
На 21 февруари, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутуберот Стефан Лазаров, за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Од судот денеска соопштија дека е оформен предмет кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK