октомври 12, 2024

Опожарена е трска на поголема површина на Смилковско Езеро,  густиот црн чад се шири од Железара и е видлив од градот. 

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Звонко Томевски за МИА изјави пожарот бил пријавен во 15 часот и е се уште активен, но нема опасност за објекти или за ширење на пожарот. 

– Се уште активно се работи на пожарот. Имаме две противпожарни возила со пет пожарникари. Опожарена е трска на поголема површина. Горат трски, таму има и гуми, ѓубриште… Тоа е езеро што го користи фабриката „Железара“ и е обраснато. Нема опасност по објекти и нема опасност од ширење, само што е видлив од поголем дел од градот, изјави Томевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK