октомври 12, 2024

Ослободете се од проблемите со зглобовите

Генадиј Петрович Малахов, руски експерт за народна медицина, кој во повеќе од 60 книги презентирал како се третираат 200 најраспространети болести, смета дека зглобовите и коските не болат затоа што со текот на времето во нив се акумулираат калцификати на сол, кои треба да се исфрлат.

По две недели, Малахов тврди дека зглобовите и коските ќе престанат да болат и ќе видите дека целиот скелетен систем станал поподвижен.

Тој дава рецепт за чистење на сол од телото кој е многу едноставен. Сепак, овој третман треба да се спроведе, ако е можно, по чистење на дебелото црево (со вода и сол или со вообичаено клистирање). Секако, има ефект и без него.

Навечер во 3 дл зовриена вода се ставаат 5 гр ловорови листови кои е најдобро да се иситнат. Варете пет минути, тргнете од шпорет и оставете да отстои (може и во термос) цела ноќ.

Следниот ден процедете и пијте – малку по малку, во мали голтки во текот на денот. Не го пијте целиот раствор одеднаш, бидејќи може да предизвика компликации и крварење.

Три ноќи по ред правете го растворот од ловор и пијте го три дена. По пауза од седум дена, терапијата може да се повтори. За хронични заболувања на зглобовите и коските, растворот пијте го пет дена.

За време на спроведувањето на терапијата со ловор, не се вознемирувајте ако забележите дека урината е малку потемна и дека често мокрите. Тоа е нормално, бидејќи солите во телото почнуваат интензивно да се раствораат и на тој начин го иритираат мочниот меур.

По две недели, Малахов тврди дека зглобовите и коските ќе престанат да болат и ќе видите дека целиот скелетен систем станал поподвижен. Тоа значи дека третманот со ловор бил успешен. Ако сè уште чувствувате болка – повторете го третманот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK