октомври 12, 2024

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно – културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава на Балканот, Европа, па и во светот. Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат над 1000 групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно – уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза.

Како и изминатите години така и оваа година мештаните на село Куратица-Охридско ќе го збогатат карневалот во Прилеп со уникатни маски, а како што дознава редакација на Шило Магазин меѓу маските ќе се појави и другарот Тито со неговата сопруга Јованка Броз.

The post Тито и Јованка од Куратица спремни за карневалот Прочка во Прилеп. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK