Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, во пет наврати осомничениот 30-годишник на разни локации во Скопје, во автобуси и во влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки, со што го сторил наведеното кривично дело.
Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против моралот, кое постои опасност да го повтори.
Следете не, не има насекаде