Три лица, од кои две, потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа по полноќ на патот кон Свети Наум во Охрид.
Возилото го управувал 18-годишник од овој град, а внатре имало уште двајца сопатници.
МВР соопшти дека возачот и уште едно лице добиле тешки повреди, а по несреќата, биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Охрид.
Регионалниот пат Охрид – Свети Наум е црна точка поради тесните ленти, големите кривини и непрегледноста, па и во минатото тука повеќепати се случувале сообраќајни незгоди.
Следете не, не има насекаде