Бившата љубовница на Владимир Путин, Светлана Кривоногих објави фотографиите од нејзиниот стан, а фановите одма и коментираа дека немала вкус и дека целиот е кич.
„Изгледа како да треба да се изнајмува на час. Овој стан е злосторство. Ова е доказ дека ниту сите пари на светот не можат да ти купат вкус. Ужасно и кич, но барем има светлина. Зошто го ставиле телевизорот на радијаторот?“, биле само некои од коментарите.
Најмногу внимание привлече италијанската дизајнерска фотелја која наликува на гасеница и е прекриена со златен материјал. Станот има 4 ката, поврзани со лифт, 3 спални соби, 5 тоалети, бар, домашно кино, гаража.
Фотографиите од нејзиниот дом се објавени на веб страна на компанија за изнајмување на недвижности во Санкт Петерсбург во Русија, а станот се изнајмува по цена од 700.000 рубљи, околу 9.000 евра месечно. Наводно го купила во 2004-та година, односно непосредно по раѓањето на тајното дете на Путин, а денес се проценува дека чини околу 300 милиони рубљи над 3, 7 милиони евра.
За потсетување, приватниот живот на Путин се знае многу малку, па затоа голем број од светските медиуми шпекулираат дека имал многу љубовници и тајни врски.
Светлана е бивша љубовница на Путин. Пред 19 години имале афера додека работела како хигиеничарка, а наводно имаат и дете. Многумина мислат дека богатствоот од над 88 милиони долари го стекнала на нелегален начин.
Засега потврдено е само дека со поранешната сопруга Људмила, има 2 ќерки Марија и Катерина. Со Светлана пак се шпекулира дека ја добил Елизавета Кривоногих, попозната како Луиза Розова (19).
The post Станот на љубовницата на Путин е кич, џабе парите кога нема вкус appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде