ноември 24, 2024

Платформата за изнајмување „Еарбиенби“ има нова понуда за специјално ноќевање. Нуди аранжман за ноќевање за двајца на тема „Фантомот од операта“ во познатата париска оперска куќа „Пале Гарние“.

Гостите ќе имаат можност да спијат во една од театарските ложи, која ќе биде претворена во спална соба со антички мебел и спектакуларен поглед на салата.

Понудата е инспирирана од романот на Гастон Леру од 1910 година и мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер за маскиран човек кој има посебни музички способности и изгледа застрашувачки.

Тој живее во изолација под зградата на Операта и талка ноќе во нејзините визби, ходници и тајни премини.

Сè се менува кога ќе се заљуби во пејачката Кристијане. Резервациите се можни од 1 март, а гостите ќе можат да престојуваат во Операта во недела на 16 јули. Ноќевањето ќе чини само 37 евра.

The post Париска оперска куќа нуди ноќевање во ложа претворена во спална за само 37 евра  appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK