октомври 14, 2024

Водителката Снеже Велков го прослави 41. родеден со торта и свеќи. Таа рече дека е од личностите кои спаѓаат во категоријата „никад није касно“, бидејќи во подоцнежните години научила многу работи.

„Она што младите го минуваат многу парано, јас малку покасно го растев и развивав. Кафе почнав да пијам на 30 години, прв пат ставив прамени на 32, станав инструктор по пилатес на 33, точак интензивно почнав да возам на 38, јаже научив да скокам на 39, јога прв пат вежбам на 40, стој на раце направив прв пат на 40 и кусур исто и мост“, рече Снеже.

Таа тоа го препиша на детските фрустрации или пак на тоа дека немала време или имала страв.

„Касно почнав да ги читам тоа мотивационите книги. За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега, на 40 и кусур, кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара, а на 60 да пробам џоинт. На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам, ако сум подвижна накај 75 планирам Ластик  да научам да играм, оти тапа бев ко мала, на 80 редно е месо да пројадам“, рече Снеже.

За виснината рече дека нема да зборува, па зтаоа ќе си купи штикли.

Снеже е маја на две деца, за Репортер рече дека е строга. Со сопругот Дарко 16 години е во брак.

„Ме видел на телевизија, па рекол дека ќе му бидам жена. Најде начин како да дојде во емисијата како мој гостин. Снимавме интервју. Ми донесе чоколадо, се вљубивме“, раскажа Велков за Репортер.

The post Снеже Велков прослави 41. роденден: кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара, а на 60 да пробам џоинт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK