април 24, 2024

Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис го покани Ѓоковиќ во Мајами и објави како може тенисерот да влезе во САД и да се натпреварува на турнирите. Рон застана на страната на Ѓоковиќ и објасни дека во САД може да стигне со брод.

„Не ми е јасно зошто, дури и со сегашниот правилник, Ѓоковиќ не би можел да влезе во земјата легално со брод. Вашата администрација според моите информации не прави проблеми за странските државјани кои на тој начин влегуваат во државата“, рече Рон, цитирајќи еден од говорите на Џо Бајден.

Бајден во истиот тој говор зборува за забраната на невакцинираните странски државјани влезат во САД со авион. „По она што го доживеа во Австралија, се сомневам дека Новак би се впуштил во ваква нова авантура“, додаде тој.

Медиумите во САД пренесоа дека ситуацијата со Новак Ѓоковиќ ја користат противниците на Џо Бајден, со цел да соберат политчки поени. Пренесуваат дека голем број од Американците мислат дека се работи за апсурд за на Ѓоковиќ не му се дозволи престој во САД.

„Сега не може, а за неколку месеци ќе може, затоа што тогаш ќе се укине одредбата за влез на невакцинирани патници. Апсудно, зар не?“, пишуваат некои од нив.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK