Невестата Габи рече дека ја скратила церемонијата на нејзината венчавка за да со сопругот стигнат на време на концертот на Адел во Лас Вегас. Пејачката за време на настапот ги поздрави младенците па ѝ се потпиша на венчаницата. Габи рече дека овој момент ќе го памети целиот живот.
„Викенд со Адел. Мојот свет е совршен, ја пронајдов љубовта на мојот живот и овој човек беше одлучен Адел да ни пее на венчавката. Седум години подоцна нашите сништа се остварија“, рече Габи и ѝ се заблагодари на Адел за споменот кој ќе го памети целиот живот.
„Честитки. Ова е толку забавно. Каков убав момент и сеќавање ќе имате засекогаш“, и напишаа голем број фанови и пријатели.
За потсетување и Адел неодамна објави дека по две години врска се сврши со нејзиниот партнер Ричи Пол. Тие треба да се венчаат ова лето, пишува „Дејли Мејл“.
The post (Видео) Младенци ја прекинаа свадбата за да стигнат на концертот на Адел appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде