октомври 5, 2024

Неверојатна приказна доаѓа од Америка, а во која главните улоги се познат спортист и неговата бивша девојка. Поводот за нивната кавга се парите. Главниот актер во приказната е познатиот квотербек Џамар Чејс, голема ѕвезда во американскиот НФЛ и неговата бивша девојка Амбер Никол.

Амбер добила дете со играчот на Синсинати и сега од него бара пари за алиментација. Му се заканува дека ќе му ја уништи кариерата со контроверзни видеа ако не и ја исплати бараната сума. Го обвини и дека ја тепал додека била бремена. Играчот досега во неколку наврати не се изјаснувал по ваквите обвинувања.

„Господине Чејс. Те знам многу добро и имам многу докази против тебе. Престани да ја избегнуваш одговорноста и судот. Знаеш дека имам снимки со кои можам да ти ја завршам кариерата. Мојот адвокат ќе дојде брзо кај тебе и ти знаеш што треба да направиш“, е една од нејзините пораки кои му ги испратила.

„Сакате ли да ви ги објавам сите хорор приказни кои ги имав со таткото на моето дете. Се обидов со него да се договорам надвор од судот, но тој не сака“, била пораката на Никол која јавно ја објавила во јавност.

Направила и неколку принтскринови од разговорот со него. Тврди дека ја претепал и сега бара да биде отпуштен од тимот.

„Исфрлете го од лигата. Уморна сум од неговите закани и навреди кон нашето дете. Не си ти никаков маж. Ти си ужасна личност“, напишала Амбер на „Инстаграм“, а брзо потоа ги избришала сите пораки.

За потсттувања, Џамар е еден од најдобрите квотербекови во НФЛ лигата. Тој е голема ѕвезда и е како петти пик избран од страна на Синсинати на драфтот во 2021 година. Минатата сезона одигра 12 натпревари затоа што беше повреден. Во јавноста е познат и по големиот скандали надвор од спортот.

The post Бившата јавно му се закани на НФЛ ѕвездата Џамар Чејс дека ќе му ја уништи кариерата ако не ѝ плати алиментација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK