октомври 5, 2024

Ставен е  под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Според Државниот инспекторат за животна средина, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK