октомври 5, 2024

Британскиот принц Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, официјално ја имаат титулата принцот и принцезата од Велс.

„Во согласност со насоките на Неговото височество, кралот, Писмата за патент го минаа Големиот печат на Кралството, датиран на 13 февруари 2023 година, за востановувањето на Неговото кралско височество, принц Вилијам Артур Филип Луис, војвода на Корнвол Ротези и Кембриџ, ерл на Керик и Стратерн, барон на Ренфрју, барон Керикфергус, К.Г., К.Т., лорд на Островите и принц и голем стјуарт на Шкотска, принц на Велс и ерл на Честер“. Тоа е сега целосната официјална титула на принцот Вилијам, според „Газет“, официјалното државно гласило на Обединетото Кралство.

Сега принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон официјално ќе бидат нарекувани и војводата и војвотката од Корнвол и Кембриџ, и принцот и принцезата од Велс.

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, според западни медиуми, се чини, се деградирани – бидејќи на официјалната страница, нивната позиција во рубриката „Членови на кралското семејство“ сега е под онаа на принцот Едвард, неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс и принцезата Ана.

The post Вилијам и Кејт официјално ги добија титулите принцот и принцезата од Велс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK