октомври 5, 2024

Мими Нуне ѕвездата на „Гранд“ е бремена и го чека своето прво дете. Таа е веќе во седмиот месец од бременоста и ситно брои до породувањето. Мими ни откри дека со сопругот Филип Нуневски чекаат син и дека е многу возбудена за раѓањето на своето прво дете.

Од кога дознав до овој момент поминаа 30 недели и ја носам радоста наша . Му благодариме на Бога сите овие недели поминаа во најдобар ред и ни остана уште малку време до запознавањето со нашиот син. Работно бев активна на сцена до пред една недела. Сега доаѓа период каде што ќе одморам малку и ќе соберам сила за новиот начин на живот што следи“, ни открива Мими Нуне во разговор за „Репортер“ .

“Мими и Филип Нуневски лани летото правеа свадба за која наголемо се зборуваше оти не само што беше весела туку и невестата пееше, а младоженецот свиреше. Јавноста ја запозна Мими како ѕвезда на „Гранд“, а Филип како трубач на познатиот бенд „Нуне брадрас“.

Во интревју за „Репортер“ тие ни отрија дека свадбената веселба за нив била посебен момент, особено првата свадбена песна која тие ја отпеаја.

„Тоа беше посебен момент. Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“, ни рекоа Мими и Филип.   Пред да се земат тие заедно живее две години. 

А. Георгиев

The post Мими и Нуне чекаат син: ни остана уште малку време за да го запозанеме нашето бебе appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK