октомври 6, 2024

Професорка по француски јазик, Дореана Христова, на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ при УКИМ на социјалната мрежа Фејсбук во време кога се одбележува 80 годишнина од депортацијата која бугарскиот фашистички окупатор ја има спроведено врз Евреите од Македонија, ОБЈАВИ СТАТУСИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ВНИМАНИЕ. Професорката ги обвинува Евреите дека го попречуваат патот на Македонија во ЕУ, дека учествуваат во дојавите за бомби и дека целта им била да не окупираат.

Дореана Христова во статусот ламентира:

Се прашуваме до кога ќе бидеме сведоци на досадни реваншистички диктаторски еврејско-српски пресметки, чија цел е да се задскријат себе и своите југо клеветнички гревови,, зашто перфектно го увежбале правилото дека нападот е најуспешна одбрана…

„Се чини намерно најбрутално Евреите и Србите во Северна Македонија не дозволуваат македонска интеграција во ЕУ, зашто планираат токму таа да биде единствен нивен посед, (подигрувајќи се на тој начин со ЕУ). Целта им е да нѐ експлоатираат и окупираат заедно со Србите, нас Македонците, македонските Бугари и Албанците, или да нѐ иселат….

Македонскиот Евреин Садикарио на дневникот од 10.3.23, на Канал 5 во 15 ч. како и во подоцнежните вести најави целодневна програма посветена на Холокаустот во неделата без да заборави најгрубо да ја нападне во неговиот перфиден стил ,,фашистичка Бугарија,, велејќи дека ќе дојдат нови луѓе во таа земја, кои ќе му се извинат нему лично и кон сите други Евреи, како што тој тоа умеел да го оркестрира..

Но не одговара Садикарио дали предвидува потчинет статус за непослушните кои не се сметаат за виновни?

Се прашуваме до кога ќе бидеме сведоци на досадни реваншистички диктаторски еврејско-српски пресметки, чија цел е да се задскријат себе и своите југо клеветнички гревови,, зашто перфектно го увежбале правилото дека нападот е најуспешна одбрана.

Затоа тие ги понижуваат поранешните спасители, не барајќи извинување од земјите кои ги предавале без збор на логорите на смртта нивните предци, како на пр. кралскиот српски брат како голем хитлеров пријател. Тоа е така зашто Садикарио решил уште во Југовината да си ги замени партнерите, т.е. поранешните непријатели веќе му се верни сојузници во заедничкото малтретирање на трети страни, според некој нов нивен пазарен тренд….

Се чини ова треба да стане предмет на разгледување во меѓународното право, каде за Северна Македонија, Бугарија и Албанија мора да изгреат посреќни денови на чесно меѓусосетско комуницирање.

Треба јавно да се констатира дека типовите како Садикарио, Леви, Мизрахи чии семејства уживале највисоки функции за време поранешна Југославија, сега кога го трасираме животниот македонски пат кон Европа, најенергично него го блокираат и бојкотираат, рушејќи ги европските правила за задолжителни добрососедски односи, за жал брутално спречувани од грст спомнати насилни луѓе, кои ја користат еврејската трагедија за свои лични нечесни цели, покривајќи ги на тој начин сопствените шпионски недела за време титова Југо вина.

Израел не сака да влезе во Еу зашто таму има европски правила и вредности, што тој не сака да ги почитува, туку посакува да напаѓа каде и кога ќе стигне.

Нечесно маневрираат во Северна Македонија за да ги затворат бугарските клубови и да ја зацементираат нивната лага дека ,,Михајлов бил фашист,, т.е. целта е тој да не биде рехабилитиран од Македонците.

Мој предлог да бараме и покрај сѐ помош

– од ЕУ иако Евреите и со неа се исмеваат

– заедно со ЕУ да го контактираме меѓународното право

– зашто Израел веќе преминува во препознатлива дизлоцирана окупаторска земја, на која некој ќе мора да ѝ пресуди, вели во еден пост.

Претходно, Христова исто така ги обвини македонските Евреи дека секојдневно го спречувале европскиот пат на * Македонија кон ЕУ.

„Македонските Евреи, поддржани од српската заедница, со сето свое малцинство, секојдневно го спречуваат европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ, па така на пример
-Рашела Мизрахи, како сугестивен дел од раководството на плагијаторската партија со украденото име од претходната партија на ВМРО дпмне од македонската опозиција,
како и -Пепи Леви и
-Садикарио агитираат на сите македонски медиуми
/ против Бугарија и нејзините граѓани
/ против Еу
/ против Северна Македонија и нејзината европска иднина, што звучи монструозно
Веќе почнуваме да се прашуваме дали таа група е иницијатор на катадневните лажни бомби, со кои се сее страв сред нашите деца во училиштата и кај нивните родители, односно невкусниот психолошки аларм што се врши врз целата македонска држава….“, напиша професорката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK