Двајца затвореници од затворот „Идризово“ завршија во болница по тепачката помеѓу две групи. Хаосот настанал во затворениот дел на установата, каде што се степале две групи затвореници.
MACOВНA TEПАЧКА ВО 3АТВОРОТ ИДРИ3ОВО, ПОВРЕДЕНИ ЗАТВОРЕНИЦИ ПРЕНЕСЕНИ ВО
Во насилството учествувале и осуденици од случајот „Диво Насеље“.
Во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, во дворот од затвореното одделение, настанала физичка пресметка помеѓу две групи затвореници.
Притоа повреда од остар предмет добиле осуденикот Н. М. (44) од с. Черкези, Кумановско, кој бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, и Р. К. (33) од с. Челопек, Тетовско, кој добил повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа бол ница „Св. Наум Охридски“ за укажување помош“, велат од МВР.
Изминатите месеци затворот „Идризово“ го следат низа скандали. Од тепачки до избодени затвореници.
Најголемиот беше бегството на Беким Мемети за што осомничени се затворски полицајци и нивен командир.
Следете не, не има насекаде