Расно куче тешко 72 килограми нападна и искаса 8 луѓе од кој 4 ученици во Куманово. Од Ургентниот центар на Кумановската болница за медиумите велат дека нападнатите биле примени со повреди на нозете, колкот, грбот и стомакот.
– Стоев пред пекарата кога кучето дотрча и ме касна за бутината. Не го видов и не го очекував, јас сум најмногу повреден, другите успеаа да избегаат и имаат помали повреди. Кучето ми дојде од зад грб, не беше провоцирано да нè нападне, изјави за медиумите еден од учениците.
Да настане поголема штета спречиле и вработените од ЈП „Чистота и зеленило“, кои во тој момент работеле на терен, па со нивната реакција спречиле кучето да нападне повеќе луѓе.
По пријава од граѓаните на терен излегла екипа од Ветеринарниот центар „Тодор Велков“ по налог на Инспекциските служби на Општина Куманово а во соработка со Агенцијата за храна и ветеринрство, кучето е пронајдено и заловено.
Се работи за големо расно куче од расата азијат тешко 72 килограми , со пресечени уши и опашка. Станува збор за чувано куче, кое можеби е подготвувано за борби, а му побегнало на сопственикот. Не беше агресивно додека го заловивме, се вели во изјавата од инспекторите за некои медиуми.
Инаку, кучето немало ременче, ниту има чип за евиденција кој е сопственикот. Полицијата трага по него.
Ова не е прв случај од ваков вид. Жителите на Куманово, како што велат, постојано апелираат до надлежните да најдат решение на проблемот со кучињата, за да можат безбедно да се движат по улиците.
Јавува СкопскоЕхо
The post Куче тешко 72 килограми, искасало четири дечиња и четворица мажи во Куманово appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде