Денеска во 10 часот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 е хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, заради извршување на хируршка интервенција, тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган – желудник, извести правниот тим на Бојан Јовановски.
Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо – ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот, се вели во соопштението на правниот тим на Јовановски.
Извор А1 он
The post Боки 13 хоспитализиран во болница, ќе му се отстранува желудникот appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде