ноември 27, 2024

Квентин Тарантино го подготвува својот последен филм. Филмот ќе биде насловен е „Филмски критичар“  кој ќе биде десетти филм на Тарантино. Филмот би требало Тарантино да почне да го снима наесен.

Извори блиски до Тарантино информираат дека приказната е сместена во 1970-ите во Лос Анџелес и ќе се фокусира на женски лик. Постои можност дека филмот ќе биде за Полин Каел, една од највлијателните филмски критичарки на сите времиња, која почина во 2001.

„Беше една во Холивуд“ последниот филм на Тарантино освои два оскари во 2020 година и имаше зарботка од 877 милиони долари.

Тарантино долго време кажува дека сака да сними само десет филмови и да се пензионира пред 60. година.

„Сакам да запрам во одреден момент. Режисерите не стануваат подобри како што стареат. Вообичаено, најлошите филмови во нивната кариера се оние последните четири“, кажа Тарантино во интервјуто за „Плејбој“ од 2012.

The post Квентин Тарантино пред да се пензионира ќе го снима последниот филм во неговата кариера appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK