ноември 23, 2024

Над 9000 млади луѓе секоја година ја напуштаат земјава, а околу 1500 од нив се школуваат во високообразовните институции во Словенија… Потребно е инвестирање во образованието , но и вработување на младите во институциите за да ги задржиме во земјава… Ова беше кажано на денешната панел дискусија „ Враќање и задржување на домашниот млад високообразуван кадар од Словенија во Македонија“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија.
Министерот за финансии Фатмир Бесими ги повикува младите да се стрпат и да останат дома бидејќи за седум години ЕУ ќе дојде кај нас. Изјавата за министерот за финансии доаѓа во време кога земјава размислува за увоз на странска работна сила бидејќи статистиките покажале дека годишно ни недостасуваат по 10 илјади работници… Земјава на заинтересираните им нуди плата од околу 200 евра.

The post Бесими ги повика младите да не заминуваат во странство бидејќи за 7 години ЕУ ќе дојде кај нас appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK