ноември 23, 2024

Чешкиот нуркач  Давид Венцл, кој припаѓа на спортисти од екстремните спортови, поставил нов рекорд  во нуркање на длабочина од 52,1 метри за една минута и 54 секунди без костим во замрзнатото швајцарско езеро Силс.

Тој во 40-годишниот нуркач во 2021 година го собори Гинисовиот рекорд за слободно нуркање под мразот во чешкото езеро Лахост. Потоа успеа да нурне и да помине растојание од 80,9 метри за 1,35 минути без костим или капа за пливање. На главата му било дозволено само да има маска за нуркање.

Излегувањето од замрзнатото езрор Венцл го прославил со шампањ.

Температурата во езерото била меѓу 1 и 4 степени Целзиусови, а на чешкиот нуркач му биле потребни една минута и 54 секунди, изјавил неговиот промотор Павел Калоус, додавајќи дека тоа било нешто побавно од очекуваното.

„И овој пат уживаше, но ми призна дека е малку понервозен од вообичаено и дека има мали проблеми со дишењето. Ни мразот, ни студената вода не му падна тешко, а недостатокот на кислород е нормален за него. „Но, овој подвиг беше сосема поинаков од претходните со оглед на тоа што е навистина тешко да се поднесе притисокот во ушите во ладна вода“, изјавил Калоус.

Венцл го држи чешкиот државен рекорд во слободно нуркање, а најдоброто време му било осум минути.

The post Чешки нуркач постави рекорд во нуркање во замрзнато езеро appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK