ноември 23, 2024

обрососедството, добрите односи меѓу соседите и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Ако земјите од Западен Балкан сакаат да станат членки на Европската унија, тоа е добро, а меѓу нив треба да имате добри односи и добра регионална соработка, изјави Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија по средбата во Вила „Водно“ со претседателот Стево Пендаровски. 

Пендаровски – Борел: Очите на ЕУ и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид

Двајцата потврдија дека најголемиот дел од разговорите на средбата бвиле посветенеи на следниот состанок на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи утре во Охрид, а ќе го координира Борел.

Пендаровски истакна дека станува збор за исклучително важно регионално прашање кое долги години стои на целокупната западно-балканска агенда и чиешто решавање, нагласи, може само да помогне за побрзо приближување на целиот регион, не само на страните кои се инволвирани, кон евроатлантските асоцијации.

За нас е исклучително значајно тоа што оваа важна работна сесија од преговорите се одвива во нашата земја, поточно во Охрид, бидејќи тоа и господинот Борел го спомена, можеби и ќе го повтори, тоа е знак дека Република Северна Македонија направи тешки компромиси во меѓувреме, покажа нетипично балканско однесување и изминативе години функционира како вистинска мултиетничка демократија, што е реткост и во пошироки рамки. Ова го доживуваме како признание за постигнатото во изминатиот период и се разбира како поттик на домашните политички сили да продолжат со реформите, со европските реформи, за што е можно побрзо да станеме полноправна и формална членка на Европската Унија, рече Пендаровски.

Високиот претставник Борел, од своја страна се заблагодари за можноста во Охрид да се одржи новата средба за дијалогот Белград – Пришина кој се одвива со посредство на ЕУ.

-Сакам да Ви се заблагодарам, сакам да и се заблагодарам на Северна Македонија, што го обезбедивте местото за оваа важна средба, како и за Вашата севкупна поддршка за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Се надевам дека прекрасниот пејсаж на Охрид ќе создаде убава атмосфера, неопходна за постигнување договор, рече Борел.

Тој при тоа потсети дека пред три недели во Брисел премиерот Курти и претседателот Вучиќ се договорија за предлогот на Европската унија, кој има силна поддршка оид Франција, Германија, Италија и САД дека овој предлог ќе биде патот за нормализирање на односите меѓу нив, а новата средба утре во Охрид ќе биде посветена на финализирање на анексот за имплементација. ЕУ утре ќе излезе со консолидирана верзија на анексот, за која се надева дека Косово и Србија ќе ја прифат.

-Одам за Охрид со надеж дека ќе се соочам со уникатна можност за Косово и Србија да се придвижат напред и да постигнат напредок, да ги нормализираат нивните односи. Господине претседател, во Ваше присуство, сакам да истакнам дека оваа можност треба да се искористи затоа што никој нема да има повеќе корист од тоа отколку луѓето од Србија и Косово, бидејќи никој нема корист од неопходните реформи за да биде дел од Европската унија како државјани на земјите кои денес се кандидати. Има можности кои не треба да се изгубат. И денес очите на Европската Унија и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид. Да се надеваме дека ќе биде успешна, порача Борел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK