ноември 23, 2024

Панчо и Андреј годинава добија „Златна бубамара“ за најпопуларна група за 2022 година. Освоената статуетка ја ставија на лицитација и парите ќе ги донираат за фондацијата „Марко Божиновски“. Лицитацијата е веќе во тек и ќе трае до среда. Во четврток ќе го објават новиот сопственик.

„Наградите од секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и „Златна Бубамара“ за дадената награда и укажаната чест за истата. Оваа наша награда решивме да ја ставиме на лицитација и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата „Марко Божиновски”. Оваа фондација им помага на сите оние фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите. Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000 денари и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственикот на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума, напишана во коментар, а ќе му ја предадеме лично во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум „Дваесет” и ДВД издание од јубилејниот концерт одржан во арената ‘Борис Трајковски’“, рекоа Панчо и Андреј.

За потсетување, пејачите досега повеќе пати им помогнале на луѓе со егзистенционални проблеми, било да е тоа во пари, храна, средства за хигиена и друго.

 


The post ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара“, средствата ќе ги донираат за фондацијата „Марко Божиновски“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK