ноември 23, 2024

Популарниот српски пејач Милан Станковиќ во последните неколку години се повлече од јавниот живот и се посвети на црквата, а неколку пати се зборуваше дека станал искушеник во манастирот Подмајне кај Будва. Милан сега беше присутен на предавање во Невесиње, а покрај него беа присутни и многу верници и свештени лица.

Според локалните медиуми, Милан често посетува манастири и им помага на свештениците. Тојна предавањето дојде заедно со неговиот духовен отец Рафаило (Бојовиќ), кој зборуваше на тема за „Крстот“. Отец Рафаило (Бољевиќ), игумен на манастирот Подмајне, вечерта во кино салата на Центарот за култура „Небојша Глоговац“ одржа предавање на тема „Крстот – знак на победата“. Станковиќ седеше во првиот ред, целиот во црно, со долга коса и брада

И Милан на својот Инстаграм објави објави видео од манастирот Невесиње. Милан Станковиќ последен пат се појави во јавноста пред неколку години, а тогаш имаше сосема поинаков имиџ и беше еден меѓу најпопуларните пејачни на српската естрада.

The post Српскиот пејач Милан Станковиќ сцената ја замени со манастир, стана искушеник меѓу монасите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK