Шест лица се повредени во масовната тепачка во Казанлак. Една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба.
Еден од ранетите починал.
Роми во Бугарија се тепале со секири, десетина се повредени, има и починат (ВИДЕО)
Вкупно 18 лица се повредени во денешната масовна тепачка на пазарот во Казанлак, соопшти на краток брифинг директорот на ОДМВР – Стара Загора, Лазар Христов. Еден починал од раните нешто по 17 часот, четворица се во критична состојба. Ранетите се примени во болниците во Казанлак и Старозагорск.
Идентификувани се и трите автомобили во кои се возеле насилниците, изјави високиот комесар. Тој прецизира дека во моментов во притворот Казанлак се наоѓаат 11 лица.
Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи се степале со секири и мотики. На местото на настанот пристигнала полицијата.
Бугарските медиуми јавуваат дека околу 30 Роми се степале на паркингот зад кооперативниот пазар.
Конфликтот настанал затоа што две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале стара семејна расправија.
Денеска се сретнале на судење, се виделе, па така започнала тепачката која завршила крваво, јавија бугарските медиуми.
Следете не, не има насекаде