мај 10, 2026

На 80-годишна возраст почина српската актерка Лилјана Седлар по кратко боледување, потврдија пријателите на актерката. Таа беше најпозна по улогата на Дуда Павловиќ, свекрвата на Саша Попадиќ во култната серија „Бољи живот“. Актерката се појави во 20 епизоди од познатата серија.

Лилјана Седлар е родена на 1. ноември 1943 година во Белград, а во својата повеќедецениска кариера одигра десетици улоги.

Првата улога во филм ја одиграла во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, а потоа следеле улогите во „Опишаните“, „Татко на одредено време“, „Жикина династија“ и други.

Позната е и по улогата во филмот „Кажи ми зошто ме остави“. Последната улога ја одиграла во 1998 година во филмот„Враќањето“.

Таа била долгогодишен член на Белградскиот драмски театар.

The post Почина актерката Лилјана Седлар најпозната по улогата во култната серија „Бољи живот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK