Нил Армстронг ги испиша страниците на историјата пред 51 година. На 20 јули 1969 година, тој заедно со Едвин Баз Олдрин слета и прошета на Месечината.
Во точно 22.56 часот по источно врме 600 милиони луѓе во светот го гледаа на телевизија неверојатниот подвиг на Американците. Армстронг зачекори на површината на Земјиниот сателит и ја изговори прочуената реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Слетувањето на Месечината е едно од најважните обележја на човечката цивилизација, а неговото значење и денес се истакнува.
Но, се чини дека ниту еден друг настан не предизвикал толку контроверзии и теории на заговор, а повеќе од половина век подоцна тој често се истакнува и како една од најголемите светски измами на човекот.
Фотографиите од астронаутите на Месечината, на сите им се врежани во сеќавањата, но скептиците се прашуваат кој ги направил ако само тие двајца чекореле на Месечината.
Овие фотографии предизвикаа голем број контроверзии затоа што очигледно тие немале снимател со нив. Снимките се направени само со камерите што биле инсталирани на самите костими на астронаутите, како и на леталото со кое слетале на Месечината.
“That’s one small step for man, one giant leap for mankind.”
Humans walk on the Moon for
the first time today in 1969.
#Apollo11 #MoonLanding #MondayMotivation pic.twitter.com/rtJLDPuKDf
— Tom Hall (@TomHall) July 20, 2020
Иако овој настан и понатаму е популарен во научниот свет, така и во поп-културата, неколку интересни факти за мисијата и понатаму остануваат релативно непознати.
1. Армстронг со себе носел парче дрво
Првиот забележан лет го извеле браќата Рајт во 1903 година, 66 години пред првото слетување на Месечината. Поради тоа, Армстронг помислил дека треба со себе да го понесе парчето дрво од пионерскиот авион, како и парче ткаенина, за да го симболизира големиот напредок во авијацијата.
2. Биле испратени 3 астронаути
Повеќето луѓе мислат дека во мисијата „Аполо 11“ имало само два астронаута – Нил Армстронг и Баз Олдрин, од кои првиот е далеку попознат. Иако е точно дека модулот кој слетал на Месечината носел само два астронаута, од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида на 16 јули 1969 година полетале тројца. Кога леталото слетало на Месечината, еден модул останал во орбитата околу Месечината, а во него бил третиот астронаут Мајкл Колинс.
Иако Колинс не ја почувствува славата на слетување на Месечината, оваа мисија не би била успешна без него.
3. Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа
Во моментот на лансирањето успехот на мисијата не бил загарантиран. Претседателот Ричард Никсон дури имал подготвен говор во случај на катастрофа.
4. На површината останале речиси цел ден
Периодот поминат надвор од вселенското летало (надвор од границата на Земјената атмосфера) е познат и како EVA (extra-vehicular activity), што во превод би значело активност надвор од вселенскиот брод. Поради големиот број експерименти, кои астронаутите ги извеле на Месечината, вкупната EVA траела 21 час и 36 минути.
5. По враќањето на Земјата, тројцата биле ставени во карантин
По слетувањето на Земјата, тројцата астронатути веднаш биле однесени во карантин, каде што поминале 21 ден. Причината за оваа чудна акција било да се спречат секакви контаминации, предизвикани од какви било микроорганизми што ги донел екипажот од Месечината.
Тие се вратиле од неистражена територија.
6. На површината на Месечината оставиле фотографии и други сувенири
Астронаутите на Месечината оставиле неколку предмети, вклучувајќи и фотографии од луѓе и аудиоснимки на неколку јазици, кои претставуваат глобално значење за мисијата. Покрај тоа, оставиле медалјони со имињата на тројцата астронаути, кои загинале во „Аполо 1“ на лансираната подлога, како и два космонаута што настрадале во слична несреќа.
7. Во моментот на слетување имале гориво за уште 25 секунди
Пред почетокот на мисијата, постоела јасна локација на слетувањето. Но, кога леталото почнало да слетува, било забележано дека локацијата била исполната со карпи и знаеле дека слетувањето можело да биде опасно. Поради тоа, Армстронг почнал да управува рачно со сондата, која вклучувала и скокање преку опасниот предел, а оваа одлука значела и поголема потрошувачка на гориво. Постоела одредена граница на потрошувачката на гориво, по што леталото почнува автоматски да прекинува со слетувањето. Слетале 25 секунди пред да стигнат до посакуваната точка.
8. Телевизискиот пренос го следеле 600 милиони луѓе
Со денови пред почетокот на мисијата медиумите пишувале за овој настан, што ги заинтересирало луѓето во светот. Слетувањето го гледале дури 600 милиони луѓе, што претставувало рекорд во тоа време.
9. Каде се ѕвездите?
Едно од тврдењата што ги изнесуваат теоретичарите на заговор е дека на површината на Месечината немало ѕвезди. Тоа е затоа што Месечината била слабо осветлена рефлектирајќи го само Сончевото светло. На фотографиите од слетувањето на Месечината нема ѕвезди,затоа што камерата не можела да ги сними.
10. Студски светла
Многумина сметаат дека целиот настан бил снимен во студио.
„Ајде да се вратиме чекор назад. НАСА ќе пушти фотографии на кои се гледаат студиски светла? Чудните светла на сликата се едноставно објективите од ракетата“, изјавил Роџер Лауниус од Националниот музеј на авијацијата.
The post (Видео) Пред 53 година Нил Армстронг слета на Месечината, прашањето е кој го сликал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде