септември 24, 2024

Несоницата е една од главните последици на акумулацијата на токсините во телото

Погледнете кои знаци укажуваат дека треба да внимавате што ви кажува телото и да започнете со детоксикација.

Несоница

Несоницата е една од главните последици на акумулацијата на токсините во телото. Ако имате проблеми со спиењето, тоа значи дека треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган. Пробајте пијалоци направени од брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб.

Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа во исхраната вклучете што е можно повеќе храна богата со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

Летаргија

Ако се будите уморни и тромави, чувствувајќи се летаргично во текот на денот, треба да размислите за детоксикација. Нема да го решите проблемот ако недостатокот на енергија го надоместите со стимуланси како што е кофеинот. Напротив, само ќе ја влошите ситуацијата. Јадете многу житарки бидејќи тие се богати со витамини Б, а влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.

Главоболка

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат може да укажуваат на премногу отрови во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. Треба да се знае дека за време на процесот на детоксикација главоболките може да се влошат, но по исфрлањето на отровот тие треба веднаш да престанат или значително да се намалат.

Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со телото, бидејќи сè што не е во ред се исфрла на неговата површина.

Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на токсини во телото. Храната што содржи токсини може да ја наруши деликатната слузница на дигестивниот систем, што го вклучува и јазикот. Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори против токсините.

Акумулација на масно ткиво на стомакот

Токсините што ги внесувате преку храна и пијалоци, како и токсините што ги вдишувате, го поттикнуваат таложењето на масно ткиво на стомакот. Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

Чувство на топлина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е преку потење. Кога во телото има премногу отрови, ќе се „прегрее“ обидувајќи се да ги исфрли со потење, поради што постојано може да се чувствувате топло, дури и кога надвор е ладно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK