декември 26, 2024

Француската фудбалска федерација (ФФФ) покани 200 гости на финалето во Доха, а во авионот се качија сите освен двајца од поканетите гости.

Како што пренесува францускиот весник Le Parisien, ФФФ на 200 луѓе им поделила покани за финалето на Светското првенство меѓу Франција и Аргентина, а познатите фудбалери Зинедин Зидан и Жан Тигана не долетале за Катар.

Тигана е болен, па не можеше да лета за Доха, додека Зидан ја одби поканата затоа што не сака да привлекува внимание на себе во еден толку важен момент за Французите.

Во авионот биле семејствата на фудбалерите, поранешниот селектор Роже Лемер, поранешниот репрезентативец Сидни Гову…

Голем број легендарни француски фудбалери, како Лилијан Турам, Јури Џоркаеф, Марсел Десаи и Давид Трезеге веќе се пристигнати во Катар и ќе бидат на денешното финале.

Да потсетиме Французите го бранат трофејот, а во финалето денеска со почеток од 16 часот играат против Аргентина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK