Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина и покрај бранот глобални критики поради нападите кои оставија милиони луѓе без струја и вода на почетокот на зимата.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Има многу врева за нашите удари врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но кој почна прв?“, рече Путин на церемонија на доделување награди што се одржа денеска во Кремљ.
„Критиките нема да ги попречат нашите борбени мисии“, додаде рускиот претседател.
Тој ги опиша нападите врз енергетската инфраструктура на Украина како одговор на експлозијата на мостот на Крим и други напади, обвинувајќи го Киев за кревање во воздух на далноводните кабли од нуклеарната централа Курск, но и за прекин на водоснабдувањето во Доњецк.
„Прекинувањето на водоснабдувањето на град со повеќе од милион жители е чин на геноцид“, рече Путин, обвинувајќи го Западот за „тотален молк“ по ова прашање.
„Штом преземеме акција и направиме нешто како одговор, веднаш се крева врева“, додаде тој.
Голем број западни функционери ги нарекоа руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина воено злосторство.
МИА