септември 21, 2024

Пенисот се смета за симбол на мажественост. Но, многу мажи се незадоволни од својот пенис и им се чини дека е премал. Да живееле во античко време, веројатно немало да мислат така.

Во Музеите на Ватикан, група туристи застанаа пред 2.000-годишната скулптура на Лаокон и неговите синови. Тројанскиот свештеник и неговите деца Антифант и Тимбреј биле нападнати од огромни змии.

Тоа им било казна од боговите, бидејќи свештеникот ги предупредил Тројанците да не внесуваат во градот дрвен коњ, кој бил подарок од Грците. Грчките војници демнеле во стомакот на коњот.

Ова било дел од планот на боговите, а Лаокон им пркоси со своето предупредување. Го казниле со тоа што му ставиле змии да го убијат него и неговите синови. Моментот на агонија бил претставен на фасцинантен начин од антички скулптор.

Меѓутоа, на силното голо тело на Лаокон, половиот орган е исклучително мал. Во музејот насекаде има статуи на голи мажи со мали гениталии. Зошто античките скулптори постапувале така?

Еден холандски турист кој е гинеколог објасни дека јужните пениси се, статистички гледано, наводно пократки од северните. Кјара Гиати, која има дипломирано археологија и работи како туристички водич, не се согласува со него. Таа рече дека Античките Грци и Римјаните ги сметале големите гениталии за грди.

Скулпторите моделирале само мали гениталии, затоа што сакаа да стават до знаење дека тие луѓе се интелектуалци со рационално дејствување и како такви ги има своите инстинкти под контрола.

Дионис го има најголемиот пенис. Античкиот човек имал силна самоконтрола и знаел да се контролира, за разлика од варварите и некои богови како Дионис, богот на виното, задоволството и екстазата.

Тој постојано се појавувал придружуван од сатири, суштества кои се половина коза и половина човек. Тие се забавувале со шумските нимфи ​​на бурните фестивали.

„Тие богови и шумски духови биле похотливи, па соодветно на такви им ги правеле и органите“, вели Кијара Гјати и додаде дека Дионис, синот на Пријап и божицата на љубовта, Афродита ги имале најголемите гениталии.

За дете кое е родено со ненормално голем пенис, се вели дека мајка му го оставила во ридовите каде го нашле овчари и го воспитувале, славејќи го за неговите гениталии како носител на плодноста.

Инспирацијата на Микеланџело во античко време

Најпрво малиот пенис како идеал за убавина бил ограничен само во Грција. Писателот на комедијата Аристофан го опишал идеалното машко тело пред 2.400 години: „Прекрасни гради, светол тен, широки раменици, мал јазик, силен задник и мал пенис.“ Римјаните го прифатиле овој идеал.

Ренесансните уметници како Микеланџело или Рафаел пронајдоа модели во совршено моделирани антички скулптури. Слично на тоа, Давид на Микеланџело, кој е создаден помеѓу 1501 и 1504 година и е изложен во Галеријата на Академијата во Фиренца, исто така е со мал пенис.

Науката вели дека должината се зголемува

Денешниот поглед на машкиот полов орган е поинаков. Малите пениси се предмет на потсмев, големите се сметаат за симбол на успехот. Универзитетот Стенфорд во Калифорнија спроведе студија според која должината на пенисот е зголемена за 24 отсто во последните три децении во неколку региони во светот и во сите возрасти. Резултатите неодамна беа објавени и во World Journal of Men’s Health.

Во античко време, тие пропорции на машкиот генитален орган предизвикувале бес.

„Должината не е пресудна, жените тоа одамна го знаат“, рече жена од групата израелски туристи. Таа ги фотографира минијатурните пениси на Лаокон и неговите синови. Патем, во Италија, тие колоквијално го нарекуваат пенисот „piselli“, што во превод значи „грашок“.

The post Зошто античките склуптури се со мали пениси? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK