септември 21, 2024

Северина Вучковиќ, една од најатрактивните пејачки во регионот, денеска полни 51 година. Хрватската ѕвезда со децении е на самиот врв на музичката сцена, додека приватно е мајка на Александар и жена која храбро се справува со сите тешкотии и предизвици на животот.

Родителството без сомнение и е примарно, што може да се заклучи од фотографијата што ја објави денеска.
Северина на Инстаграм сподели слика од периодот кога беше бремена, а нејзиниот блажен израз на лицето е доказ за тоа колку со нетрпение го чекаше Александар, кого го донесе на свет пред 11 години. Како што открива, за безусловната љубов дознала дури кога станала мајка.– (Како) од мајка (јас) се родив пред педесет и една година. Пред нешто повеќе од 11 години и самата станав мајка и почувствував што е безусловна љубов. Нема ништо поубаво на светот од тоа кога вашата прва честитка е од мало чудо што ви пораснало под срце, напишала пејачката која објави црно-бела фотографија и ги воодушеви нејзините следбеници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK