септември 21, 2024

Жена од Флорида која ги потрошила животните заштеди на лекување на рак на дојката за нејзината ќерка, освоила два милиони долари на лотарија еден ден откако нејзината ќерка го завршила болничкото лекување, пишува Sky News.

Џералдин Гимблет ја освоила главната награда на т.н. стругалка (гребка). Кога отишла да купи лоз (гребка), продавачката и рекла дека немаат повеќе.

„Ја замолив да провери уште еднаш и го најде последниот!“, раскажала таа на одговорните во лотаријата откако ја освоила милионската награда.

Нејзината ќерка Лоренсина Џексон изјавила:

„Еден ден пред мајка ми да го купи овој лоз, ја напуштив болницата откако го завршив лекувањето со рак на дојка“.

„Мајка ми ги потроши животните заштеди за да се грижи за мене кога бев болна. Многу сум среќен за неа!“, додала таа.

Џералдин Гимблет изјавила за емисијата „Good Morning America“ на ABC дека трошењето на заштедата за лекување на ракот на нејзината ќерка е лесна одлука.

„Навистина не размислував за тоа. Јас само го направив она што требаше да го направам“, кажала таа.

На Џералдин Гимблет и се придружија ќерката и внуката при собирањето на добивките. Со оглед на тоа што одлучила да ја бара наградата паушално, дома ќе си однесе 1,6 милиони долари во кеш, пишува Sky News.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK